ВМРО-ДПМНЕ БАРА ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ПОВИСОК СТУДЕНТСКИ СТАНДАРД Опозицијата ќе поднесе неколку амандмани

91

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија ќе поднесат неколку амандмани во врска со барањата на студентите.

Ќе побараме да се обезбедат 100 милиони денари за реконструкција на студентските домови, 100 милиони денари за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, 200 милиони денари за еднократна финансиска помош за сите ученици во основно и во средно образование кои доаѓаат од семејства со примања до просечна плата, 200 милиони денари за покачување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 160 денари и уште 300 милиони денари за унапредување на науката и научно истражувачката работа – изјави денеска Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.






Тој ги повика пратениците од мнозинството да ги прифатат овие амандмани за, како што рече, младите да имаат подостоинствени услови за живот кога имаме најголема инфлација, која во моментов изнесува 20%.

Поврзани содржини