ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОСТАВКА ОД СПАСОВСКИ Убиството излезе на виделина, одговорност мора да има

Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

665

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека институциите го прикривале убиството на хрватскиот ракометар Тот. Тие побараа оставка од Спасовски во свое соопштение. Го пренесуваме написот во целост:

„Излезе на виделина убиството кое Спасовски и Ковачевски го криеја, одговорност во врвот на власта мора да има.






Од снимките објавени во медиумите се гледа како три лица го тепаат починатиот ракометар Тот, а сведоци на настанот се десетина луѓе.

Спасовски и Ковачевски три пати ги менуваа изјавите. Институциите се ставија во погон на прикривање на убиство.

Спасовски и Ковачевски и институциите под нивна контрола ги сменија изјавите кога притисокот на јавноста, медиумите и опозицијата беше преголем.

Како можеше Спасовски и Ковачевски да се дрзнат да прикријат убиство?

Снимките кои ги видоа граѓаните со сигурност им се достапни на институциите уште од сам почеток, зошто не реагираа е прашање во чиј одговор се крие и зошто се обидоа да го сокријат убиството.

Спасовски мора да понесе одговорност. Потребна е оставка веднаш“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини