ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерката за образование Царовска

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев и Царовска имаат намера  да ја девалвираат македонската историја и затоа го бришат предметот историја, а тоа го прават за да излезат во пресрет на негаторските ставови на соседите за македонскиот идентитет, јазик, историја. 

324

ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од министерката за образование  Мила Царовска за лагите поврзани со реформите на обвразованието и „финското“ бришење на предметот историја.

Од партијата велат дека е доволно тоа што Царовска е демантирана од финското министерство за образование.






– Царовска и Заев ги лажат граѓаните. Тие шверцерски без никаква консултација со никого го бришат предметот историја како посебен предмет во училиштата и безочно лажат дека тоа наводно е некаков фински модел. Но лагата на Заев и Царовска беше брзо демантирана од од финското министерство за образование кое кажува дека историјата е задолжителен предмет во сите основни и средни училишта во Финска и со новата наставна програма дополнително се засилува – велат од партијата.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев и Царовска имаат намера  да ја девалвираат македонската историја и затоа го бришат предметот историја, а тоа го прават за да излезат во пресрет на негаторските ставови на соседите за македонскиот идентитет, јазик, историја.

– Дополнително министерката Царовска без око да и трепне вели дека ова било по барање на професорите и експертската јавност, за сега да видиме дека ниту една надлежна институција не била консултирана за ваквиот потег и дека и МАНУ и Интитутот за историја и факултетите се противат на ваквата нивна анационална и ревизионистичка политика.Со кого се консултирала Царовска за ваков срамен потег? Со квазиисторичарот Заев, кој веќе јавно искажа историски ревизионизам, навредувајќи ја антифашистичката борба на македонскиот народ и антифашистичките темели на македонската државност?- прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини