ВМРО-ДПМНЕ БАРА ТАСЕВСКИ ДА ПРИЗНАЕ Дали како директор на БЈБ го сокривте името на синот во тепачка на полицајци?

Сашо Тасевски да не се крие и да даде одговори. Истовремено ЈО да не чека и да отвори истрага“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

2,281

Дали директорот на Бирото за јавна безбедност влијаел врз случај каде се тепани припадници на Единицата за брзо распоредување? Вадени ли се луѓе од записник заради врски со него, прашува ВМРО-ДПМНЕ и преку денешното соопштение, откако вчера објави дека синот на Сашо Тасевски, но и тој лично, можно е да се вмешани во напад врз полиција, но можно е и да влијаеле за менување на факти во записниците.

„ВМРО-ДПМНЕ постави прашања, а директорот на БЈБ и ЈО молчат. Сашо Тасевски мора да одговори, дали едно од четирите лица кои биле фатени и евидентирани од полицијата под сомнение дека сакале да употребат бела прашкаста материја, и притоа ја нападнале полицијата бил негов син?






Сашо Тасевски мора да одговори, дали настанот кој се случил во 1 часот по полноќ, а напаѓачите биле однесени во ПС Карпош во 1.45 часот, е заведен во полициски билтен дури во 6.30 часот сабајлето, под притисок?

Дали таквиот притисок или нешто друго е причина за во полицискиот билтен наместо четворица, да бидат запишани три лица? И фали четвртото лице е синот на Тасевски?

Сашо Тасевски да не се крие и да даде одговори. Истовремено ЈО да не чека и да отвори истрага“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини