ВМРО-ДПМНЕ БАРА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА НЕ ГИ КРИЕ ВИСТИНСКИТЕ РЕКЕТАРИ Јовановски потврди дека парите завршиле кај Заеви
Опозициската партија наведува дека во интервјуто Миле Јовановски јасно укажува дека Зоран Заев ги имал ставено целосно своите раце врз обвинителството и судството во Македонија, и директно влијаел врз одлуки на правосудните органи.
ВМРО-ДПМНЕ го повика обвинителството да се изјасни за тврдењето на таткото на Боки 13 дека парите од случајот Рекет завршиле кај браќата Заеви и да не го крие вистинските рекетари.
-Уште едно сведоштво дека Зоран Заев е капо ди тути капи на рекетот во Македонија, а обвинителството не мрда ни со мал прст. Миле Јовановски јавно потврди пак дека сите изрекетирани пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви, а Русковска обвинителството продожува да молчи- велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека во интервјуто јасно се гледа дека Зоран Заев ги имал ставено целосно своите раце врз обвинителството и судството во Македонија, и директно влијаел врз одлуки на правосудните органи.
– Заев лично се јавувал кога и на кого требало да му биде вратен пасош од страна на Катица Јанева, што само го потврдува трас трас правосудството кое тој го контролирал. Дополнително од ова интервју произлегуваа основани сомненија дека токму лица поврзани со власта на Заев вршеле притисоци, па дури и се заканувала со ликвидации, само и само да ги покрие своите криминали. За вакви работи во нормална држава ќе имаше истраги уште истиот ден, ама кај нас обвинителството молчи – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата прашуваат:
-До кога обвинителството ќе ги крие вистинските рекетари и криминалци во Македонија? До кога главата на октоподот во Македонија и мафијата на власт ќе бидат заштитувани од страна на обвинителството и судството?Мафијата во Македонија е власта која ги има ставено под свое и судството и обвинителството. Додека заевизмот не се смени, до тогаш Македонија ќе тоне во криминал и корупција и ќе продолжи да биде најкорумпираната држава во Европа.