ВМРО-ДПМНЕ бара нов претседател на младите и претседателство на ветераните

1,333

ВМРО-ДПМНЕ почнува со процесот на кадровско освежување и катарза најавено од страна на претседателот Христијан Мицкоски. Во таа насока, а врз основа на Статут од денес распишуваме два јавни повика, првиот за избор на претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, а вториот за избор на членови на претседателството на Унијата на ветерани, соопшти партијата.

За кандидирање за претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кандидатите е потребно да достават биографија (CV) и мотивациско писмо во кое ќе ги образложат мотивите за кандидирање. Кандидати е потребно да се членови на ВМРО-ДПМНЕ и апликацијата да ја достава најдоцна до 15 август во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ или преку електронска пошта на [email protected].






– Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата – се вели во огласот.

Кандидатите за членови во претседателство на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да достават биографија (CV) и мотивациско писмо во кое ќе ги образложат мотивите за кандидирање. Тие треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ и апликациите да ги достават најдоцна до 15 август во Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ или преку електронска пошта на [email protected].

– Сите кандидати имаат еднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Се поттикнуваат да се кандидираат сите кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани – се вели во јавниот повик.

 

 

 

Поврзани содржини