ВМРО-ДПМНЕ БАРА НЕЗАВИСНА ИСТРАГА Филипче бил предупреден за лошиот квалитет на модуларните болници, но не реагирал

Потребна е професионална и независна истрага за тоа што изгоре модуларната болница во Тетово. Тоа е може но само со оставки на Филипче и Заев. Затоа Филипче и Заев мора да заминат од функциите“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

435

За време на корона пандемијата, а и за целиот негов мандат Венко Филипче покажа само едно, дека и во криминалот, и во одморите и забавите е со Зоран и Вице Заев. Тие не се грижат за здравјето и животот на граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„„Филипче иако бил предупредуван за лошиот квалитет на материјалот од кој се правени модуларните болници, не реагирал ама затоа трчал по брзи пари. Неговото трчање по брзи пари чинеше 14 жртви, семејства завиени во црно. 14 лица загинаа во пожарот во модуларната болница во Тетово која изгоре за две минути“, реагира опозициската партија.






 Според партијата Филипче и Заев се заинтересирани само за бизнисот и провизиите, ама не и за тоа дали има соодветни услови за лечење на граѓаните. Па така бројката на починати од корона е скоро 6.500 лица.

„Потребна е професионална и независна истрага за тоа што изгоре модуларната болница во Тетово. Тоа е може но само со оставки на Филипче и Заев. Затоа Филипче и Заев мора да заминат од функциите“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини