Благодариме на пиар тимот на Филипче што ни даде можност да реагираме на неговото ширење на лажни вести. Сликата која ја објави на Твитер каде посочува дека членови на ВМРО-ДПМНЕ не ги почитуваат мерките препорачани за заштита од корона пандемијата е од 2019 година далеку пред почетокот на пандемијата со корона, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„Знаеме дека Филипче е научен да лаже, но не знаевме дека кај него лажењето прераснало во болест. Доколку не ја повлече објавата и не се извини ќе заработи кривична пријава за ширење на лажни вести и измама. Наместо да биде војаер на Фејсбук нека си ја работи работата за што е платен, бидејќи само денес починаа 39 лица поради неговата неспособност.
Со цел да го покрие срамот на Заев се обиде да шири лажни вести. Но, ваква брука каква што Заев денес направи не ја покрива ниту една лажна вест на Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.