ВМРО-ДПМНЕ бара истрага како биле испумпани 21 милион евра од агенцијата за обезбедување блиска до Заев

Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство, регулаторните комисии, сите молчат и со месеци ги нема да застанат очи во очи на криминалот. Повикуваме уште еднаш, да отворат случај за сите сомнежи за криминал и испумпани пари, бидејќи се работи за парите на граѓаните. Во спротивно, сите овие институции и нивни функционери се соучесници во целиот овој криминал - додава Арсовски.

1,063

Струмичката агенција за обезбедување изминативе две години земала тендери на сметка на граѓаните во висина од над 21 милион евра, рече на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски и побара од надлежните инситуции да отворат истрага за оваа голема афера.

– Покачувањето на цената на електричната енергија е резултат на високите тендери кои ги добива струмичката агенција за обезбедување од универзалниот снабдувач за електрична енергија. Истото се случува со народните пари кои ги добиваат преку тендерите од општините кои се под водство на СДСМ, СОЗР и останатите институции кои ги води СДСМ. Изминативе неколку денови јавно обзнанивме десеина тендери кои ги земала оваа струмичка агенција за обезбедување. На сите повеќе и од јасно им е дека се несразмерни во однос на сумите и она коешто го вршеле како услуги. Гледајќи ги тендерите сериозно мириса и остава сомнеж дека се испумпани пари преку овие тендери и оваа агенција на конто на семејството Заеви, а сето тоа на трошок и грбот на граѓаните кои ги плаќаат овие пари. Оттука, сакаме јавно да повикаме до институциите, кои се под водство на СДСМ и кои ги имаат канџите на СДСМ врз нив, кои сепак се нивни соучесници, да се одважат, да се отргнат од нив и да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување пари – порача Арсовски.






Тој тврди дека над 21 милион евра пари на граѓаните се испумпани од институции и од универзалниот снабдувач, а граѓаните плаќаат повисока цена на електрична енергија и тонат во сиромаштија.

– Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство, регулаторните комисии, сите молчат и со месеци ги нема да застанат очи во очи на криминалот. Повикуваме уште еднаш, да отворат случај за сите сомнежи за криминал и испумпани пари, бидејќи се работи за парите на граѓаните. Во спротивно, сите овие институции и нивни функционери се соучесници во целиот овој криминал – додава Арсовски.

Поврзани содржини