ВМРО-ДПМНЕ бара да се затворат границите, освен за итни случаи

Партијата бара да се подготви „Бел план“ за болниците во земјата, што значи зголемување на капацитетите и целосен скенинг и разработено сценарио при влошување на состојбата.

225

ВМРО-ДПМНЕ бара да се затворат сите граници за патници, освен за итните случаи и оние чиј карактер на движење тоа го налага. „Мора да се затворат границите со цел ставање под контрола на состојбите“, смета партиската комисија за здравство.

Партијата бара да се подготви „Бел план“ за болниците во земјата, што значи зголемување на капацитетите и целосен скенинг и разработено сценарио при влошување на состојбата. И доколку треба, да се побара и меѓународна помош која ќе биде експертска и советодавна.






Комисијата бара да се вреднува трудот на огромен број професионалци и колеги доктори и здравствен персонал кои даваат надчовечки напори во третман и превенција со корона вирусот со што го изложуваат своето и здравјето на најблиските под ризик. Ова важи и за полицајците, цариниците и сите служби кои се во првата линија на судир со епидемијата. И затоа бараат владата да донесе одлука за парична награда на докторите и медицинскиот персонал, полицајците, царниците и сите служби кои директно вклучени во справувањето со последиците од вирусот.

„ВМРО-ДПМНЕ очекува сериозност од владата и министерството и прифаќање на понудените мерки. Секој живот е од непроценлива вредност. Сите сме граѓани на Република Македонија и сите сме засегнати за актуелната ситуација. Партиите не треба да се борат за политички поени и треба да си помогнеме едни на други. Сега не е време за политичка борба, туку е време за хуманост, делување и подадена рака’, се вели во партиското соопштение.

Поврзани содржини