ВМРО-ДПМНЕ БАРА ДА СЕ ПРЕИСПИТА ДЕЛОВНАТА СПОСОБНОСТ НА АРСОВСКА Партијата бара и нејзина оставка

Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на (Оливер) Спасовски, се наведува во соопштението на партијата.

859

Ја разбираме специфичната состојба во која се наоѓа Данела Арсовска, иако не ја оправдуваме истата, соопшти вечерва ВМРО-ДПМНЕ.

„Веројатно ѓубрето е помалиот дел од проблемот, туку личноста со слични карактеристики на него, која го води градот. Оттука изразуваме сериозен сомнеж за деловната способност на Арсовска да го води градот. Нема претпријатие кое не го упропасти, а последниот случај покажа дека ЈП Комунална хигиена може да работи само во тесна соработка со полицијата на (Оливер) Спасовски“, се наведува во соопштението на партијата.






ВМРО-ДПМНЕ, како што напишаа во соопштението, бара оставка од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска за да не го измачува Градот.

Поврзани содржини