ВМРО-ДПМНЕ: Ако Марин е задоволен од телефонот од 1.600 евра, народот плаче за 1.600 денари
Од опозициксата партија забележуваат дека градоначалникот на општина Аеродром не реализирал нитуе едно од ветувањата, но затоа се обидел да купува медиуми.
Жално е што Аеродром тоне, а градоначалникот Златко Марин си тера мајтап и си купува телефони од 1.600 евра, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ .
За партијата е чудно што и покрај тоа народот осиромашува, градоначалникот на општина Аеродром не се срами што посегнал по народните пари за да набави скап телефон на државна сметка, наместо да ги реализира ветените проекти.
– Ако Марин е задоволен од телефонот од 1.600 евра, народот плаче за 1.600 денари.Ако Марин е задоволен од ПР-от, народот на Аеродром плаче за паркови, зеленило и нов асфалт. Наместо нови инвестиции и проекти Марин си тераше ПР и со општински пари сакаше да купува медиуми – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека градоначалникот на Аеродром го преспа цел мандат.
-Не само што нема нови булевари и улици, туку и тие што му ги остави ВМРО-ДПМНЕ не може да ги одржува.Вети зеленило, а не се запре со штанцање на дозволи за градба. А зеленило не само што нема, туку и старото не се одржува.Заев на цел глас од Аеродром викаше Аеро Аеро, Аеродром, нема чист воздух, 4 години, не само што нема чист воздух, туку е и позагаден.Аеродром тоне, со Марин друго и не може.Ако Марин бара правда, ќе ја најде во Шутка по изборите – додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.