ВМРО-ДПМНЕ: Џафери да си оди, а не да објаснува
Ставот на опозициската партија е дека не смее најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека претседателот на Собранието Талат Џафери со изјавата дека ќе ја стави на дневер ред Резолуцијата, ако ги исполнува усовите и со однсеувањето на СДСМ и ДУИ навестува дека ќе се кочи нејзиното донесување.
– Без донесена Резолуција зоран Заев не смее да преговара со Бугарија. А тој веќе наговестува дека низ собраниска процедура ќе ја кочи Резолуцијата, а со тоа работи единствено на штета на Македонија. Оваа влада не знае за ништо друго освен за работење спротивно на Уставот и законите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со премиерот Зоран Заев дека Џафери треба да објасни зошто го прекршил Уставот говорејќи во евроспкиот парламент на албански јазик и бараат тој да даде оставка.
– Не смее и најголемите пропусти и кршења на Уставот и законите да поминат со објаснување.Време е за одговорност. Време е за Македонија за сите луѓе! – велат од ВМРО-ДПМНЕ.