ВМРО-ДПМНЕ: Џабе му е на Заев отписот на долгови, кога драматично пораснаа цените и до 40 отсто

Сите продукти, и зејтинот и млекото и брашното се продукти кои се составен дел или суровина за поголем дел од прехранбената индустрија, растот на овие продукти е раст и на цените во цела гранка. Со СДСМ се е поскапо. Народот живее по сиромашно. Време е да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

251

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека откако е СДСМ на власта цените на производите на мало постојано се зголемуваат.

– Народот секоја година плаќа поскапо од тоа што плаќал претходната година. Само споредбено 2021 година со 2020 година имаме раст на цените на основните намирници и до 40%. Неспособноста на Заев и лошото водење на политиките на економско поле допринесе до раст на цената на 1 литар зејтин во малопродажба од околу 67 денари на 95 денари, тоа е зголемување за над 40%. Покачување со Заев имаме и на цената млекото, имено 1 литар млеко во малопродажба кој во 2020 година се продавало по 45 денари сега се продава за околу 52 денари – се наведува во соопштението на партијата.






Оттаму посочуваат дека со Заев скокна и цената на брашното, килограм брашно во 2020 година се продавал за 34 денари, сега се продава за околу 39 денари.

– Сите продукти, и зејтинот и млекото и брашното се продукти кои се составен дел или суровина за поголем дел од прехранбената индустрија, растот на овие продукти е раст и на цените во цела гранка. Со СДСМ се е поскапо. Народот живее по сиромашно. Време е да си заминат. Време е за Македонија за сите луѓе – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини