ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОДРЖУВА ВИСОКАТА ПРЕДНОСТ ПРЕД СДСМ Мицкоски е политичарот со највисока доверба меѓу гласачите

Како што и можеше да се претпостави како тренд по локалните избори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ располага со највисок рејтинг меѓу бирачите. За оваа партија на парламентарни избори би гласале 22,5 отсто од испитаниците, додека за владејачката СДСМ гласот се спремни да го дадат 17,9 отсто од анкетираните.

2,114

Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022 на 1.124 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија.

Во истражувањето, граѓаните ги изразувале своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и за политичарите, како и за изборот на новата Влада.






Како што и можеше да се претпостави како тренд по локалните избори, опозициската ВМРО-ДПМНЕ располага со највисок рејтинг меѓу бирачите. За оваа партија на парламентарни избори би гласале 22,5 отсто од испитаниците, додека за владејачката СДСМ гласот се спремни да го дадат 17,9 отсто од анкетираните.

Многу е висок процентот на граѓаните што во моментов не знаат за кого би гласале (18,3 отсто), а 14, 4 отсто од испитаниците категорично порачуваат дека на наредните избори нема да поддржат ниту една политичка партија. 11,2 отсто од лицата од кои е побаран одговор, не сакале да кажат која политичка опција ја поддржуваат во моментов.

Најголемиот дел од испитаниците (32,8 отсто) изјавиле дека немаат доверба во ниту еден политичар, а од тие што сепак веруваат некому, најмногу се определиле за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски (17,7 отсто). Зоран Заев се откажа од политика, но тој и натаму располага со релативно висок процент на доверба меѓу граѓаните (9,5 отсто), што не може да се каже и за неговиот наследник Димитар Ковачевски, на кого му веруваат 5,5 отсто од испитаниците.

Али Ахмети затоа може да се пофали со 7,1 отсто доверба кај испитаниците.

На прашањето дали со изборот на новата влада ќе следи и подобрување на нејзиното работење, најголемиот дел од испитаниците се песимисти (42,3 отсто). Речиси е идентичен процентот на испитаниците што сметаат дека новата влада (42,7 отсто) нема да ја реши политичката криза во земјава.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепции за новата Влада. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Поврзани содржини