ВМРО-ДПМНЕ ја достави Резолуцијата во Собранието

. Цениме дека оваа предлог-резолуција ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество, изјави пратеникот Антонијо Милошоски.

199

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ ја поднесе предлог – резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции по однос на евроинтеграциите и блокадите коишто се наметнуваат, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски.

– Оваа предлог-резолуција во онаа форма во којашто веќе беше споделена со сите пратеници е предложена со цел да помине со најширок можен консензус. Цениме дека оваа предлог-резолуција ќе ги зајакне и македонските дипломатски позиции, но исто така ќе влијае и како фактор на сплотување наместо поларизација внатре во македонското општество – изјави Милошоски.






Тој ги повика пратениците на СДСМ, ЛДП, Левица, Алијанса, ДОМ, Демократски сојуз и сите други пратеници, уште денес да го стават својот потпис и да се придружат на предлог-резолуцијата за утврдување на македонските државни позиции за евроинтеграции, за да не се дозволи блокадите и националните понижувања да ни станат предмет на преговори и „виткање на кичма“ во некој следен период.

– Се надевам дека пратениците и партиите коишто декларативно истакнаа дека ќе ја поддржат Предлог-резолуцијата таква каква што е, од денес па во следните неколку дена истата ќе ја потпишат и очекуваме претседателот на Собранието Џафери, во најскоро можно време истата да ја стави на пленарна седница за да можеме да се изјасниме, очекувајќи дека ќе имаме широк политички консензус – рече Милошоски.

Поврзани содржини