ВМРО-ДПМНЕ: 36 дејности се изоставени од предлогот на СДСМ за неработен ден недела, над 40.000 луѓе се дискриминирани
Според партијата, недела неработен ден за сите трба да подразбира стесување на кругот само на оние дејности кај кои е навистина неопходно да се работи во недела.
Недела како неработен ден треба да претставува голем исчекор кон унапредување на работничките права. Ова е нешто за кое ВМРО-ДПМНЕ се залага, но пред сѐ како можност за подобрување на благосостојбата на работниците во земјава и подобро балансирање на професионалниот и приватниот живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– Конечно предлогот за измена на Законот е во завршна фаза и се очекува негово објавување, но содржи 36 исклучоци. Тоа се 36 гранки, односно голем процент на вработени кои ќе мораат да продолжат да работат во недела. Мораме да го поставиме прашањето – која е суштината на овој предлог? Зошто толку многу отстапки? – паршува ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, недела неработен ден за сите трба да подразбира стесување на кругот само на оние дејности кај кои е навистина неопходно да се работи во недела, а за што во нивната програма го креирале како идно право на вработените, веднаш кога ќе се формира новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
– Дали со ова решение навистина се оди кон подобрување на работничките права или ова е само фиктивно исполнето предизборно ветување кое фактички не ќе ја исполни целта? Дали вака делумно решение кое ќе опфати помалку од 40 000 вработени, а ќе се промовира на големо дека е решение за неделата како неработен ден за сите е всушност почеток на предизборната кампања за локалните избори?! Да, токму тоа е, ќе се крева прашина за да не се види реалната слика, а тоа е дека во Македонија ништо ново и спектакуларно нема да се случи во процесот на унапредување на работничките права – смета ВМРО-ДПМНЕ.