ВМРО-ДПМНЕ: 2 милиони евра Шилегов потроши за скала, а не може да изгасне опожарена трева
Вечерва Скопје гори, додека Шилегов покажува еклатантна неспособност. Речиси 2 милиони евра вложи во набавка на противпожарна скала, а не може да изгасне опожарена трева. Толку е неспособен што водењето на градот го претвори во гол популизам, а кога има проблеми никаде го нема, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Град Скопје.
– Неспособноста ја надополнува криминогеноста. Власта на СДСМ станува елементарна непогода. Апелираме на трезвеност на граѓаните и на зголемена претпазливост. Власта не е во состојба да помогне на граѓаните – велат советниците од ВМРО-ДПМНЕ.