ВМРО-ДПМНЕ: 160.000 работници останаа без работа, а функционерите си тераат пи-ар за време на полициски час
Додека функцикнерите на СДСМ си тераат пи-ар, 160.000 работници овој месец останаа без работа. Додека Бектеши собира политички поени, 15 илјади работници само од секторот туризам и угостителство се отпуштени, реагира ВМРО-ДПМНЕ на информативната видеосесија на која на прашања одговараа министрите Дамјан Манчевски и Крешник Бектеши и дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска.
– Манчевски прави кампања, а административците не знаат дали следниот месец владата ќе им исплати плата или не, зошто на Заев може се да му текне. Функционерите на СДСМ наместо да ја решаваат кризата во која сме поради нивната неспособност, се ставени во улога на портпароли за собирање на ситни политички поени.
Граѓаните знаат што треба и што не треба да прават, тоа веќе го кажаа докторите. Од функционерите на власта очекуваат мерки и проекти кои ќе помогнат безболно да се надмине кризата. Наместо помош од СДСМ гледаме само безидејни пресконференции, да се каже нешто колку да се каже. Доколку власта не знае што треба да прави, а очигледно е дека не знае, доволно е само да ја тргне на страна својата суета и да ги прифати предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партијата.