ВЛИЈАТЕЛЕН СУМ БИДЕЈЌИ СЕ БОРАМ ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА Николоски е горд на признанието од Брисел

Николоски вели дека од „Пријатели на Европа“, помеѓу другото напишале и дека тој е посветен на справувањето со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ.

490

За мене преставува огромен чест што Бриселската „Пријатели на Европа “  („Friends of Europe“)  ме избра за еден од 40 највлијателни личности под 40 години во Европа, вели Александар Николоски.

– Според неподелените мислења оваа организација е највлијателна во Брисел и активно учествува во креирањето на политики на ЕУ и создава општествени промени, а во нејзиниот управувачки комитет седат премиери, претседатели, претседатели на Европската комисија, еврокомесари и други јавни личности од Европа.  Секоја година ги номинира највлијателните личности во јавниот живот, политиката, науката, бизнис секторот да бидат дел од престижната програма Европски Млади Лидери кои се под  40 години – појасни потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.






Тој додава и дека од „Пријатели на Европа“ помеѓу другото напишале и дека тој е посветен на справувањето со корупцијата и настојување за членство на Македонија во ЕУ.

Поврзани содржини