Влез во Словенија од Италија само со потврда дека патникот не е заразен, прва жртва и во Белгија

По синоќешната одлука на Владата за затворање на границата, денеска од првиот случај на коронавирус во Словенија беше потврден на 4 март, а за помалку од една недела бројот стигна до 34 заразени лица.

544

Словенечките здравствени власти потврдија дека се потврдени уште четири нови случаеви на лица заразени со новиот коронавирус.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие нови вкупниот број на заразени лица сега изнесува 34. Последните два случаи се потврдени во Марибор, соопштија здравствените власти.






По синоќешната одлука на Владата за затворање на границата, денеска од Италија во Словенија можат да влезат само оние кои имаат лекарската потврда дека не се заразени со новиот коронавирус.

Инаку, првиот случај на коронавирус во Словенија беше потврден на 4 март, а за помалку од една недела бројот стигна до 34 заразени лица.

Белгиските власти го потврдија првиот смртен случај од новиот коронавирус, ковид-19, во земјата, јави дописничката на МИА.

Станува збор за 90-годишен пациент хоспитализиран во Брисел.

– И покрај сета медицинска нега, денеска почина 90-годишен пациент, изјави министерката за здравство, Маги Де Блок.

Властите им изразија сочувство на членовите на семејството на починатиот, а прес конференција е предвидена претпладнево.

Белгија сѐ уште се наоѓа помеѓу втората и третата фаза на безбедност во однос на пандемијата, трите региони не успеваат да се усогласат за мерките.

Додека Брисел и Валонија преземаат построги мерки како откажување на собири со повеќе од илјада лица во затворени простори, властите во северниот регион Фландрија стравуваат пред сѐ за економските последици од таквите мерки.

Поврзани содржини