Во Грција од утрово се влегува само преку граничниот премин Евзони, откако синоќа на полноќ земјата ги затвори Меџитлија и Стар Дојран за секаков вид сообраќај.
Затворањето е поради новите протоколи на грчката влада за рестрикитивни мерки за ковид-19 и ќе трае до 4-ти август.
„Сите патнички и товарни возила што планираат да остварат влез и излез од и во Грција во наведениот период тоа ќе може да го остварат на грчкиот граничен премин Евзони“, велат од МВР.