ВЛЕТАЛ ВО ГРАДИНКА СО НОЖ И ПОЧНАЛ ДА УБИВА Шест лица меѓу кои и 3 деца се убиени

Во Кина е забрането поседување огнено оружје. Меѓутоа, нападите со нож се зголемени во последните години во таа земја.

522

Шест лица загинаа, а едно е повредено денеска во напад на градинка во Лианџијанг на југот на Кина, соопштија локалните власти.

Според првичните информации, убиен е  еден наставник, двајца родители и 3 деца, додека осомничениот за нападот е уапсен, соопштија локалните власти.






Напаѓачот е на возраст од 25 години, а нападот го извршил со нож.

Нападот се случил околу 7.40 часот по локално време во градот Лианџијанг во провинцијата Гуангдонг.

Во Кина е забрането поседување огнено оружје. Меѓутоа, нападите со нож се зголемени во последните години во таа земја.

Поврзани содржини