📷 📽️ ВЛЕТАЛ ВО ЦРКВА СО ВОЗИЛО И ПУКАЛ ВО ВЕРНИЦИ Едно лице загина, девет повредени во нападот и пожарот

Напаѓачот, 40-годишен маж од Бартон, со автомобил влетал во црквата и почнал да пука со автоматска пушка врз верниците за време на молитва.

125

Пукањето се случило во мормонска црква во Гранд Блан, околу 80 километри северно од Детроит.

– Едно лице почина по пукање и пожар во мормонска црква во Мичиген – соопшти полицијата, објави Скај њуз.






Властите на прес-конференција соопштија дека осомничениот бил убиен од полицијата и дека 9 лица се повредени.

– Две лица се во критична состојба – потврди градоначалникот на Гранд Блан, Вилијам Рејниер, на прес-конференција.

Тој додаде дека осомничениот е 40-годишен маж од Бартон, кој со своето возило влегол во црквата и почнал да пука кон стотици луѓе што присуствувале на неделните молитви.

Осомничениот користел автоматска пушка, рече Рејниер, но не е јасно колку муниција имало на местото на настанот.

 

Во соопштението, полициската управа на Гранд Блан додаде дека црквата „активно гори“ и ја повика јавноста да ја избегнува областа.

Шерифот на округот Џенеси, Кристофер Свансон, рече дека „целата црква гори“ и потврди дека луѓето во црквата се евакуирани. Пожарот беше брзо локализиран.

Американскиот обвинител Пам Бонди, исто така, потврди дека ФБИ и Бирото за алкохол, тутун, огнено оружје и експлозиви реагираат на инцидентот.

 

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави на својата мрежа Truth Social дека „осомничениот е мртов, но сè уште има многу да се научи“, пред да шпекулира дека пукањето „се чини дека е уште еден целен напад врз христијаните во Соединетите Американски Држави“.

Гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер, во соопштението изјави дека е „скршена од срце за заедницата Гранд Блан“ по пукањето.

Поврзани содржини