ВЛЕГОЛ, ПУКАЛ И ИСЧЕЗНАЛ Двојно убиство во полно бистро ја потресе Германија

Вооружен напаѓач застрелал две лица во бистро во близина на Франкфурт, по што избегал. Полицијата трага по сторителот.

250

Две лица биле застрелани во бистро во градот Раунхајм, во близина на Франкфурт, во раните утрински часови, соопшти германската полиција.

Според првичните информации, вооружен маж влегол во локалот околу 3:45 часот и отворил оган кон присутните. Двете жртви починале на местото на настанот.






– Напаѓачот влегол во кафулето со оружје и пукал во две лица, кои подоцна им подлегнале на повредите – изјавил полицискиот портпарол Кристоф Шмит од регионалната полиција во Јужен Хесен, пренесува германскиот весник Билд.

По нападот сторителот избегал, а полицијата започнала интензивна потрага. Мотивот за злосторството засега не е познат, ниту какво оружје било употребено.

Надлежните апелираат до граѓаните да пријават секоја информација што би можела да помогне во истрагата.

Поврзани содржини