ВЛЕГЛЕ ВО ДВОРОТ НА СОСЕДИТЕ И НАПРАВИЛЕ `РШУМ Татко, мајка и малолетничка тепале со тврди и стаклени предмети
Приведените физички го нападнале С.А.(46) и членови на неговото семејство, при што употребиле тврди и стаклени предмети, а го оштетиле и неговото патничко возило и прозорците од куќата.
МВР соопшти дека се лишени од слобода Е.Б.(38), Д.Б.(21) и малолетничка, сите од Шуто Оризари во Скопје, откако ноќеска влегле во дворот на друго семејство кое го нападнале со тврди и стаклени предмети.
Насилниците биле приведени од страна на припадниците на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје.
„Лицата претходно биле пријавени дека околу 23.30 часот заедно со неколку други членови од нивното семејство насилно влегле во дворот од домот на С.А.(46) од Скопје и физички го нападнале него и членови на неговото семејство, при што употребиле тврди и стаклени предмети, а го оштетиле и неговото патничко возило и прозорците од куќата. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци“, велат од МВР.