ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ГО ДОБИ НАЈГОЛЕМОТО ХРВАТСКО ПРИЗНАНИЕ Промовиран и „Тафталиџе Шафл“, најновиот албум (ФОТО)
Големото признание му беше врачено на концерт во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб, каде со својата екипа настапи на 7-ми декември и тоа лично од рацете на Желимир Бабогредац, претседател на „Хрватска дискографска удруга“ и директор на „Croatia Records“.
Multi-platinum award на „Хрватска дискографска удруга“, најголемото дискографско признание во Хрватска, за исклучителни дискографски достигнувања во музиката му беше врачена на Влатко Стефановски, македонскиот музички амбасадор и еден од најзначајните гитаристи и кантавтори во регионот, јавува МИА.
Големото признание му беше врачено на концерт во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб, каде со својата екипа настапи на 7-ми декември и тоа лично од рацете на Желимир Бабогредац, претседател на „Хрватска дискографска удруга“ и директор на „Croatia Records“.

Влатко на регионалната музичка сцена, а и пошироко, е познат како водач на култните „Леб и сол“, по што изгради успешна соло-кариера. Освен на полето на рок-музиката, Стефановски е успешен и како композитор на театарска и филмска музика, но и како учесник на многубројните проекти со светски музичари.
На концертот во Загреб Влатко го промовираше актуелниот албум „Тафталиџе Шафл“, настапувајќи со своето Трио, во кое е неговиот син Јан Стефановски (тапани) и Иван Кукиќ (бас гитара), а на нив им се приклучија и Дамир Имери на клавијатури и Хемонд на оргули, па во еден миг тоа стана квартет.

Два и пол часовниот концерт започна со легендарната „Успаванка за Радмилу М.“, а на македонската традиционална песна „Елено ќерко“, на сцената се придружи и Раде Шербеџија, кој, зборувајќи за соработката со Влатко, кажа: „Искреното пријателство е најважно од се“. Нивното пријателство трае цели 40 години …