ВЛАСТА ПОДГОТВУВАШЕ ТЕРЕН ЗА СВОЈОТ ОЛИГАРХ Славија се продаваше по нереално ниска цена

Стоилковски истакна дека проблемот е во тоа што не е направена реална проценка на имотот на АД Славија, којашто би требало да изнесува неколкукратно повеќе од онаа која што беше дадена во тендер за продавање.

471

Власта имаше намера да ја даде АД Славија по нереално ниска сума со обезвреднет имот во рацете на свој олигарх, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски истакна дека проблемот е во тоа што не е направена реална проценка на имотот на АД Славија, којашто би требало да изнесува неколкукратно повеќе од онаа која што беше дадена во тендер за продавање.






– Реалната проценка во таков случај ќе направи и реална проценка на акциите на АД Славија која ќе биде неколкукратно поголема од тие 200.000 евра колку што беше дадена цената за целокупниот имот.  Сето ова од страна на власта беше направено за да по нереално ниска сума обезвреднет имот заврши во рацете на олигарси на СДСМ и ништо друго – потенцираше Стоилковски.

Поврзани содржини