Власта побарала да се пренаменат 5 милиони евра од швајцарска донација за да се купат 5.000 апарати за отпечаток од прст

Доколку Швајцарската амбасада не одобри 5 милиони евра, тогаш од власта за Плусинфо велат дека е невозможно државата да набави терминали, бидејќи пари за таа намена во буџетот не се предвидени. Нема, како што велат, ни време за да се распише тендер за чија постапка се потребни 90 дена, а пописот е закажан за април идната година.

2,771

Се прави обид преку донација од Швајцарската амбасада да се набават 5.000 терминали за отисоци од прст кои би се користеле при спроведувањето на пописот во април следната година. За ова власта и опозицијата веќе разговараaт во Собранието и доколку Швајцарската амбасада по празниците даде виза, тогаш пописот ќе може да се спроведе и со отпечаток од прст, потврдуваат за Плусинфо собраниски извори од власта.

Според собраниски извори, власта веќе побарала од Швајцарската амбасада 5 милиони евра од 21 милион колку што веќе од Швајцарија се определени како донација за избори во Македонија, да бидат наменети за купување на 5.000 апарати или терминали за земање отпечаток од прст кои прво би се употребиле за претстојниот попис, а потоа и за изборните процеси во земјава.






Информацијата дали Швајцарската амбасада ќе даде виза 5 милиони евра да одат за набавка на терминали за отисок од прст ќе се знае по божиќните и новогодишните празници, бидејќи сега тие не работат.

Доколку Швајцарската амбасада не одобри 5 милиони евра, тогаш од власта за Плусинфо велат дека е невозможно државата да набави терминали, бидејќи пари за таа намена во буџетот не се предвидени. Нема, како што велат, ни време за да се распише тендер за чија постапка се потребни 90 дена, а пописот е закажан за април идната година.

Според извори од власта, доколку пописот се спроведе и со фингер принт тогаш според таа метода би се попишало само резидентното население, додека тие кои се повеќе од една година надвор од државата, но и тие кои се помалку од една година, а во време на пописот не се во земјава, не ќе може да бидат попишани со отпечаток на прст. Од власта велат дека ова ѝ го укажуваат на опозицијата, но за да добијат поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ за пописот се подготвени да одат на пребројување со отисок од прст.

Од СДСМ велат дека пописот мора да се одржи за да се планира развојот, да се спроведуваат политиките во секоја сфера на најдобар начин.

– Тоа е статистичка операција, а во предлогот на законот се содржани сите препораки и методологии на Евростат. Како и до сега за други законски предлози, така и сега, ако има амандмани од опозицијата ќе ги разгледаме со внимание и ќе носиме одлуки дали се прифатливи или не. Но, не можеме сега да одговараме на изјави на опозицијата додека не видиме официјален предлог затоа што сведоци сме сите дека едно изјавуваат, а сосема поинаку се однесуваат во собраниските процедури – вели Јован Митрески координатор на пратеничката група на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат државата да обезбеди 10.000 терминали за попис со отисок од прст.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за телевизијата Алфа рече дека не поддржуваат попис кој ќе покаже дека Македонија има три милиони жители.

– Ваков како што е конципиран пописот нема да го признаеме. Затоа даваме предлог, дајте луѓе да набавиме 10.000 терминали, дајте да попишеме резидентно население, а не замислено население. И да знаеме колку население точно имаме. Ова не може да се сопре со филибастеринг, затоа што има европско знаменце. Треба да ѝ кажеме на јавноста што можеме, а што не можеме. Ние бараме да биде вистински статистичка операција и да нема потреба од два потписа. Еве, да одиме преку фингер принт терминали, односно единици каде што ќе се чита отисокот на прст – рече Мицкоски.

Ако Швајцарската амбасада одобри 5 милиони евра за терминали за отисок од прст и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се усогласат, сепак неизвесно е дали ќе има попис со фингер принт бидејќи владеачката ДУИ и опозициската Алијанса за Албанците се против такво пребројување.

Не е првпат кај нас за одредена операција да се бара да биде спроведена и преку отисок од прст. Партиите пред изборите во 2016 година разговараа на денот на гласањето на избирачите да им се зема и отисок од прст. Но тогаш за ова не постигнаа договор.

Поврзани содржини