ВЛАСТА МАНИПУЛИРА СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Во Собранието се „шверцуваат“ закони кои не се усогласени со законодавството на ЕУ
Пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците во собранието на Република Македонија се наоѓа Предлог законот за Академија за судии и јавни обвинители кој што е поднесен со европско знаменце, а притоа во предлог законот не се наведени регулативи и директиви според кои се врши усогласување со правото на Европската Унија, посочија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
– Едноставно власта повторно сака да протне предлог закон со злоупотреба на европското знаменце. Имено, наместо регулативи и директиви според кои се врши усогласување со правото на Европската Унија, во предлог законот е наведена само препорака која што сама по себе не претставува никаков изворен акт на Европската Унија. Дополнително, според Деловникот на Собранието на Република Македонија за еден предлог закон да биде со европско знаменце мора да содржи одредби со кои се врши усогласување со правото на Европската Унија како и податоци за изворниот акт на Европската Унија, но такви одредби и изворен акт во овој предлог закон, не постои – вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дајанчо Ефтимов.
Што се однесува до содржинскиот дел на предлог законот со овие измени сеотвора вратата за партизација на самата акедемија, а преку неа и на целокупниот правен систем, додава тој.
– Досегашниот начин на прием на слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, гарантира поголема објективност и стручност при конечниот избор на судии и јавни обвинители, наспроти предложеното законско решение кое владата на СДСМ веќе 3 години сака да го спроведе преку злоупотребата на европското знаменце, нуди субјективност, намалена транспарентност и дискреционо право на примената и завршната комисија да манипулира и калкулира при давањето на оценки – порача Ефтимов.