ВЛАСТА МАКСИМАЛНО ГО ИЗБОЈКОТИРА 23 ОКТОМВРИ Дали се срами од Денот на македонската борба, прашува ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ во соопштение нагласи дека „македонската борба не е за изолација туку за интеграција и подобар животен стандард“.

191

Владата на СДСМ го бојкотираше Денот на револуционерната борба на македонскиот народ и го помина празникот без поголема манифестација за негово одбележување – реагираше денеска опзоициската партија ВМРО-ДПМНЕ со соопштение.

„Власта го помина 23 Октомври без поголема манифестација за одбележување на истиот. Дали власта се срами од вековната револуционерна борба на македонскиот народ, која резултираше со денешната државност или причините се други?






23 Октомври е датумот и точката од која тргна организираната борба. Без 23 Октомври немаше да има Илинден 1903, ниту АСНОМ 1944, а без тоа немаше да ја има независноста на Македонија. Оттука запрепастува фактот што власта го избојкотира максимално Денот на македонската револуционерна борба и уште еднаш покажува каков е односот на власта кон државата и државноста“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ реагираше со соопштение на истата тема:

„Македонската борба е е борба за создавање на европска и напредна држава, за интеграција и подобар животен стандард за сите граѓани, прогресивна иднина за младите.

Македонската борба не за изолација, уназадување и стагнација, што е понуда на лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица.

Лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет. Затоа, антиевропската агенда е антимакедонска. СДСМ заедно со граѓаните ќе ја обезбеди македонската европска иднина.

Сите македонски граѓани да бидат европски граѓани, со поголеми плати, со поголем животен стандард, со европски квалитет на живот“ – се наведува во соопштението на СДСМ.

Поврзани содржини