ВЛАСТА ИГРА НЕМУДРО Димитров вели дека опозицијата имала мудар предлог за уставните измени

1,295

Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, вечерва во „Клик Плус“ ја нападна власта дека го злоупотребува европското знаме за гласање на закони, а предлогот на опозицијата за „уставните измени да стапат во сила кога ние ќе влеземе во ЕУ“, го оцени како мудар.

– Ако знаеме дека после уставните амандмани, можно е да имаме нов проблем со историската комисија, а тоа го пишува во документот. Ние сакаме да станеме членка на ЕУ, не да ги почнеме преговорите. Не сме ли одговорни патот да го подрастчистиме, затоа што имаме еден куп пречки. Се сложувам дека опозицијата треба да има стратегија и да им ја кажат на граѓаните, но морам да признаам дека тие дадоа мудар предлог, што не беше нивен, туку се создаде некако сам во граѓанството, а тоа е уставните измени да се изгласаат денеска, а да стапат во сила кога ќе влеземе во ЕУ – рече Димитров.






Тој оцени дека многу немудро се води овој процес од власта.

– Тие може да мавтаат со европското знаме колку сакаат, но го извалкаа европското знаме, особено со гласањето на кривичниот законик. И, мислам дека е потценување за граѓаните ако од власта мислат дека така евтино ќе помине ова – изјави Димитров.

Поврзани содржини