Власта ги повлече измените на Законот за надворешни работи

Митрески, објаснува дека идејата била да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но со ограничување да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ државјанство.

332

Откако опозицијата најави дека со тристотини амндмани ќе го блокира неговото носење предлагачите одлучија да ги повлечат измените.

Еден од предлегачите, координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, објаснува дека идејата била да се дозволи кандидатите за амбасадори да имаат двојно државјанство, но со ограничување да не можат да бидат амбасадори во земјата каде имаат второ државјанство.






– Овој ист закон, со ист текст беше во процедура и во минатиот пратенички состав и тогаш ВМРО ДПМНЕ немаше никаква забелешка, ниту пак поднесен еден амандман. Тогаш беше истиот претседател на собраниската комисија. Сега, во контекст на другите случувања во нивната партија, само глумат наводен патриотизам. Ние нема да дозволиме некој да прави личен театар и да бие внатрепартиска битка во ВМРО ДПМНЕ правејќи театар од Собранието. Затоа ќе го повлечеме предлог законот од процедура, а внатрепартиските битки нека ги водат во партиските седишта – вели Јован Митрески од СДСМ.

Поврзани содржини