ВЛАСТА ДОБИ ЦРВЕН КАРТОН ОД НАРОДОТ Победивме со 110.000 гласови разлика, вели Мисајловски

Власта е делегимитирана и доби црвен картон од народот, затоа се потребни избори веднаш, вели Мисајловски.

688

Потребни се брзи избори, победивме во 42 општини, плус градот Скопје, вели Владо Мисајлоски од ВМРО-ДПМНЕ .

 

„Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55.000 гласови. Ако се земат првиот и вториот круг предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика. Власта е делегимитирана и доби црвен картон од народот, затоа се потребни избори веднаш“, вели Мисајловски.

Претходно и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој вели дека е неопходна оставка на целиот владин кабинет, а не само на премиерот Заев побара брзи избори.

– Ако Владата направи ваков потег и ја одбие подадената рака за брзи избори, тоа значи дека целокупното неуспешно функционирање, енергетската криза која тропа пред порти, новиот ковидбран, катастрофата во образованието, жестокиот пад на економијата… ќе бидат исклучиво одговорност на Владата – вели Мицкоски.

Поврзани содржини