Власта бара начин да „купи“ медиуми, ама друг да плати

И како што кај нас обично функционираат работите со експериментални потези единствени во Европа, а според реакциите на кабелските оператори, иноваторите Роберт и Дамјан, решението го нашле во тоа парите да ги земат од граѓаните, ама нежно и подзаскриено преку операторите: ќе ги глават „кабелџиите” со екстра трошок за помош на телевизиите, а тој трошок потоа кабелџиите нека си бараат начин како да го земат од граѓаните. Прејака иновативна идеја, наменета за оние граѓани на кои им се фалеа дека им ја укинаа радиодифузната такса.

2,020

Седејќи на клупа, пред неколку недели, за да фатам воздух пред полицискиот час, наслушнав муабет на двајца повозрасни луѓе – загрижени дека ќе останат без кабелска телевизија. Доволно интересна тема за мене, за да ги начулам ушите и да наслушнам за што се работи.

Но, потоа си помислив, недоволно реална е приказна за да и обрнам внимание! А како Македонија е земја на легенди, невистинити приказни и лажни вести… чудни креатури, нереализирани и залутани типови… несоодветно однесување, експериментални и неодржливи  решенија… приказната што ја слушнав, бргу и ја подзаборавив!






Но, реакциите деновиве, првин од сопственикот на „Телекабел“, а вчера и од Здружението на кабелски оператери, на најавите од Владата дека во оваа време-невреме како една од мерките за борба против короната ќе донесат уредба со која ќе формираат Фонд за помош на телевизии, ме врати малку во оној ден кога ја слушнав приказната.

И тогаш – кога ја слушнав сторијата, а и сега додека ја пишувам, некако мислам дека е нереална, измислена и конструирана од зли луѓе, кои сакаат да наштетат на чесни луѓе. Ама чудни времиња дојдоа во Македонија и нереалното политиката го прави реално и затоа ми се виде доволно интересно да го прераскажам слушнатото. Приказната отприлика оди вака:

„Си биле двајца министри, кои дошле до фикс идеа како пред избори да ги освојат симпатиите на ТВ станиците и одлучиле да им дадат државна субвенција од 5-6 милиони евра како помош за функционирање. Како што беше кажано, имињата на министрите биле Дамјан и Роберт. Тие среќни дека имаат решение, го израдувале шефот дека изумиле, како вистински иноватори, начин како да ја придобијат симпатијата на медиумите оти само тоа им преостанува. Партискиот шеф прерадосен ги почастил со многу насмевки и пофалби дека се најдобри, но како одминувале деновите преработела совеста кај него и се запрашал:

„Па ако им дадам државни пари на медиумите ќе бидам ист како Груевски, тоа не е добро, јас таков не сум. Па ние дојдовме на власт со ветување дека ќе ја укинеме радиодифузната такса, а сега ќе треба да воведеме нов трошок за граѓаните. Тоа не е добро!” И во стил на искусен и одговорен лидер, ги известил министрите да бараат друг начин за искажување пријателство со медиумите.

И како што кај нас обично функционираат работите со експериментални потези единствени во Европа, а според реакциите на кабелските оператори, иноваторите Роберт и Дамјан, решението го нашле во тоа парите да ги земат од граѓаните, ама нежно и подзаскриено преку операторите: ќе ги глават „кабелџиите” со екстра трошок за помош на телевизиите, а тој трошок потоа кабелџиите нека си бараат начин како да го земат од граѓаните. Прејака иновативна идеја, наменета за оние граѓани на кои им се фалеа дека им ја укинаа радиодифузната такса.

Не дослушнав потоа што друго си збореа луѓето, ама имаше бајаѓи пцовки…

Приказната делува нереално и затоа се оградив дека само ја прераскажувам. Зарем би имало такви иноватори меѓу министрите? Во време на криза, кога сите власти во светот помагаат на бизнисот и на граѓанството, нашиве ќе навиваат да им се наметнува екстра трошоци?

Мене не ми се верува дека власта толку може да се „изгуби“ себеси, иако е во криза!

Поврзани содржини