ВЛАСТА ЈА РЕАКТИВИРА ОПЕРАЦИЈАТА „АТЛАНТИК“ Обид за „давење“ на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени

Според информацијата на свиркачи, слично како и пред 5 години, сега таргет на службите за безбедност се претставници на политички партии, јавни, личности, новинари, бизнисмени кои се противат на уставните измени.

2,828

Според свиркачи во службите за безбедност, луѓе од најголема доверба на врвот на СДСМ и ДУИ, во соработка со шефот на државата Стево Пендаровски, ја реактивираат операцијата ,,Атлантик“, која беше спроведувана во 2017 и 2018 година, со цел изолација на сите ентитети кои се противеа на Преспанскиот договор, тврди порталот Експрес.

Според информацијата на свиркачи, слично како и пред 5 години, сега таргет на службите за безбедност се претставници на политички партии, јавни, личности, новинари, бизнисмени кои се противат на уставните измени.






Целта е да преземат мерки кон опозицијата и да изградат перцепција дека про-руски структури влијаат во раководството на ВМРО ДПМНЕ и опозицијата да не се промени Уставот, обврска која владата на СДСМ и ДУИ, без консензус со опозицијата ја презема и за која нема двотретинско парламентарно мнозинство.

„За потребите на операцијата се користат Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР).
Луѓето кои се под оперативна обработка се следени физички и преку електронски комуникации а им се проверуваат и сите контакти што ги имале со години“, тврди Експрес.

Луѓе во СДСМ тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ наскоро ќе се соочи со силен притисок од западен ,,дипломатски булдожер”, додава порталот.

Поврзани содржини