ВЛАСТ ДАВА И ВЛАСТ ОДЗЕМА НАРОДОТ НА МАКЕДОНИЈА Лага е дека некој барал власт од странците, му порача Ковачки на Ковачевски
Храброста можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно и наместо да дезертираш и да вадиш лажни лекарски белешки, да се бориш за Македонија или, пак, барем сега кога веќе те поставија таму каде што си, да излезеш на ТВ дуел и на избори па народот да слушне и да види колку си храбар, му порача пратеникот Драган Ковачки на премиерот Димитар Ковачевски.
Димитар Ковачевски, човекот кој се крие зад Цаци, поставен да одработи на штета на македонскиот народ и на Македонија, не знае дека народот е тој кој бира и дава и народот е тој кој зема на избори, а не странските политичари, обвини пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.
„Вакви лаги како оваа не поминуваат. Ковачевски зборувал и за храброста. Храброста можеше да ја покажеш тогаш кога беше најпотребно и наместо да дезертираш и да вадиш лажни лекарски белешки, да се бориш за Македонија или, пак, барем сега кога веќе те поставија таму каде што си, да излезеш на ТВ дуел и на избори па народот да слушне и да види колку си храбар. И за крај, за разлика од него нема потреба од прашања, на сите им е јасно дека Ковачевски не само што така си мисли, туку и гласно си кажува: сѐ ќе потпишам, само да бидам премиер, затоа што друга шанса и прилика нема. Е па, Таче, седи си и не станувај, не се брукај“, напиша Ковачки на Фејсбук.