ВЛАДО КАЛЕМБЕР НА ОХРИД ФЕСТ Сѐ е подготвено за Интернационалниот музички фестивал во Охрид

На 10 и 11 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид ќе настапат голем број македонски и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија.

317

Сѐ е подготвено за 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10 и 11 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, со фолк и интернационална вечер. Ќе слушнеме добри песни, две вечери исполнети со музика која претставува мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од поранешните југословенски републики.

На првата, Фолк вечер ќе слушнеме 17 песни, уметнички директор е Цане Петров, традиционално, водителка е Каролина Петковска, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија.






Во втората, Интернационалната вечер ќе се претстават 20 изведувачи: покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија.

Уметнички директор е Горан Шарац, водителка е Маријана Станојковска, а во ревијалниот дел ќе настапи Владо Калембер.

На „Охрид фест“ доследно ќе се почитуваат сите мерки за заштита од пандемијата, ветуваат организаторите.

Поврзани содржини