Владо Калембер како Доријан Греј
Иако има 68 години, хрватскиот пејач и фронтмен на легендарните „Сребрени крила“ изгледа како времето воопшто да не го допира. Да се запраша човек да не е во прашање некоја ујдурма како онаа на Доријан Греј. Мора да крие некаде некој свој портрет кој старее наместо него, нели?
Музичката ѕвезда од некогашните југословенски простори, фронтменот на групата „Сребрени крила“, сега веќе 68-годишниот Владо Калембер, повторно ќе учествува на интернационалната вечер на „Охрид Фест 2021“. Иако неговите години значат дека е при крајот од седмата деценија на животот, овој човек изгледа како времето воопшто да не го допира. Да се запраша човек да не е во прашање некоја ујдурма како онаа на Доријан Греј. Мора да крие некаде некој свој портрет кој старее наместо него, нели?
Во едно постаро интервју тој откри дека Македонија отсекогаш ја сметал за своја втора татковина, бидејќи е роден во Струмица.
Годинава, хрватскиот пејач и фронтмен на легендарните „Сребрени крила“, ќе настапи на првото постпандемиско издание на Охрид фест, иако, како што вели, не е фестивалски човек, но го смета Охрид за посебен град. Интервјуто со него е на колешката Вања Тодоровска, инаку, ПР на „Охрид фест“.
По периодот на глобалната пандемија, повторно ќе бидете на сцената на „Охрид фест“, во натпреварувачкиот дел, пред македонската публиката, луѓето што сакаат да ве слушаат. Ве радува ли враќањето на старата нормалност?
– Деновите ми поминуваат многу брзо, па и не сум свесен дека веќе помина толку време. Но, се плашам дека ќе треба уште простор, уште многу време за враќање на старата нормална состојба. Ви благодарам на информацијата дека во Македонија има луѓе кои радо би ме слушале. Патем, јас не сум фестивалски човек, но дозволив „да ме наговори“ мојот долгогодишен пријател Григор Копров, и така решив да дојдам на „Охрид фест“. Се гледаме наскоро!
„Сребрени крила“ се, може да се рече-култна појава во бившата земја. Млади, убави, со весели песни, го освоивте просторот на екс Југославија со милионски тиражи, концерти, турнеи. Од оваа временска далечина, што беше најзаслужно за вашиот успех и слава?
– Јас сум многу горд на периодот на „Сребрени крила“, бидејќи тој, по паузата од 1987-2012 трае и денес. Живеевме во време кога најважната работа беше да свириш во бенд. Сонувавме да снимаме во добри студија а снимавме во најдобрите. Сонувавме да свириме во големи сали, свиревме во најголеми, па и на стадиони … Кога ќе ги отсонувате соништата, тогаш станувате реални, и сега сме среќни што сме живи, здрави и уште свириме. И да, и сега свириме во големи простори. Среќен сум што сме пријатели исто како на почетокот. И тогаш бевме пријатели, но сега сме – стари добри пријатели.
И покрај константна концертна присутност, „камбек“ со неколкуте песни, особено со фантастичната „То сам ја“, вистинската химна на животот брои милионски прегледи на каналот Јутјуб, и искрено кажано поемотивни реакции и коментари одамна на сум прочитала.
– Никогаш не го сакав тој израз „камбек“, затоа што ние никаде не отидовме за да се вратиме. После паузата до 2012 година, повторно се собравме, и оттогаш сме постојано присутни. Некои песни се слушаат повеќе, а некои помалку, и тоа е така секогаш.