Владо Калембер го прослави 67. роденден со поранешната сопруга ФОТО

1,508

Хрватскиот пејач Владо Калембер го прослави 67-миот роденден со својата поранешна сопруга, виолончелистката Ана Руцнер (37), со која го има 13-годишниот син Даријан.

Иако не се во брак веќе шест години, тие се еден од ретките примери на поранешни сопружници кои и по разводот останале во добри односи, а една од главните е секако нивната наследник.






„Среќен роденден, Владо! Некои нови времиња, но пријателство засекогаш. На здравје“, напишала Ана во објавата на Инстаграм.

Владо и Ана, заради моменталната состојба со коронавирусот, носат заштитни маски и наздравуваат надвор со кафе на пропишаното растојание.

Поголема прослава не можело да се организира, но многу пријатели и обожаватели се израдувале кога ја видоле фотографијата на поранешните сопружници на Инстаграм.

 

FOTO: Instagram

Поврзани содржини