ВЛАДО БУЧКОВСКИ СЕ ИСПРОБУВА И ВО БИЗНИСОТ Ќе се занимава со трговија, посредништво и консалтинг

Станува збор за фирмата „Хербос“ од Скoпје која е регистрирана на почетокот од 2025 од  бизнисменот Ристо Коруноски. Управител е Елисавета Коваческа Коруноска. Регистрираната дејност е трговија на големо со пијалаци.

616

Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски од почетокот на годинава стана сопственик на трговска фирма која се занимава со продажба на пијалаци, објави Фактор.

Станува збор за фирмата „Хербос“ од Скoпје која е регистрирана на почетокот од 2025 од бизнисменот Ристо Коруноски. Управител на фирмата е Елисавета Коваческа Коруноска а е регистрирана со дејност трговија на големо со пијалаци.






Информацијата ја потврдил и самиот Бучковски, наведувајќи дека деловното ангажирање ќе опфати трговија, посредување и консалтинг. Тој не открил дополнителни детали, посочувајќи дека за јавноста ќе има време за подетални објаснувања. објави Скопје1.мк

 

Бучковски  во последните години беше ангажиран и како специјален пратеник за односите меѓу Македонија и Бугарија.
Бучковски е професор по Римско право на Правниот факултет во Скопје.

 

Поврзани содржини