Владиниот план за протести и јавни собири доведе до немири во Атина (ВИДЕО)

262

Денеска на плоштадот во Атина каде се одржува протестен марш против владиниот план за протести и јавни собири се случило насилство и инциденти со молотови коктели, како и употреба на солзавец.

Тензиите избувнале на влезот пред Собранието откако студентите се обиделе да пристапат до полицискиот кордон, при што од МАТ одговориле со употреба на хемикалии.






Инцидентите продолжија и низ околните улици, но и покрај големото количество на солзавец, дел од демонстрантите сепак останаа пред Парламентот.

Попладнево на неколку различни локации во центарот на Атина беа организирани повеќе собири од Синдикатот на Комунистичката партија, левичарски и вонпарламентарни организации и партии, левичарско ориентирани студентски движења, членови на СИРИЗА, меѓу кои и поранешни министри и сегашни пратеници. Крајната дестинација на сите собири беше грчкиот Парламент каде избија инцидентите.

Поврзани содржини