Владимир Глигоров: Сега економијата треба да се чува во „виртуелна“ состојба за да преживее

Глигоров, вели дека компаниите треба да работат, барем финансиски, работниците да земаат плата, а централните банки и фискалните власти да ги помогнат фискално и парично.

982

Во време на кризата со коронавирусот државите треба да го зачува стопанството во „виртуелна состојба“- компаниите да работат, барем финансиски, работниците да земаат плата, а централните банки и фискалните власти да ги помогнат фискално и парично, вели Владимир Глигоров од Виенскиот институт за меѓународни економски студии во интервју за српска НоваС ТВ.

Тој вели дека не се соочуваме со криза на понудата и на побарувачка, туку само на понудата и  затоа не се потребни мерки како за време на финансиската криза за стимулирање на потрошувачката, туку да се усвојат мерки за зачувување на понудата кога ќе помине кризата.






– На пример, сега да не одите во ресторан  не заради тоа што немате пари, туку затоа што постои ризик од инфекција, но ресторанот треба да работи кога ризиците ќе ги снема. Значи, потребна е политика што го одржува производството и финансиските перформанси на ресторан, иако не работи или заработува пари во услови на криза.Со други зборови, не мора да банкротира, па дури и да се ликвидира затоа што нема промет и затоа што не може да ги исполни своите обврски кон вработените, банката, добавувачите и државата. Затоа, потребни се мерки од страната на понудата, а не од страната на побарувачката – појаснува тој.

Економијата, додава тој, треба да се чува во виртуелна состојба – за да можат  бизнисите да работат барем финансиски, за работниците да примаат плата, а за централната банка и фискалните власти да им помагаат во монетарните и фискалните прашања.

– Ова е важно зашто во ваква криза не е можно да се има прецизна слика ниту на реалната ниту, пак, на монетарната страна. Значи не се знае што се случува со целокупното производство ниту, пак, е јасно кое е нивото на цените ниту на инфлацијата, бидејќи некои производи не се продаваат, а некои се рационализирани. Значи, неопходно е економската политика да се фокусира на зачувување на виртуелната економска активност – онаа што би била доколку немаше епидемија. Тие бројки се познати бидејќи ги знаеме од пред епидемијата. Значи, тие се основата за изборот на фискалната и монетарна политика, па дури и за вонредните регулаторни мерки. Целта е по излезот од кризата стопанската активност да се врати на претходната состојба колку што е можно побрзо – вели Глигоров.

Тој , исто така,смета дека постигнувањето на фискалната унија е од огромно значење за Европската унија, додека за другите земји е важно дали на примерот на пандемијата  ќе се видат  „ограничувањата  на национализмот“ и „неодговорноста на авторитаризмот“.

– Националното затворање или себичност и авторитарната неодговорност треба да заминат заедно со епидемијата – вели Глигоров.
.

Поврзани содржини