ВЛАДИМИР АНГЕЛОВ Е НОВ ДИРЕКТОР НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ На Бојан Лазаревски му истекол мандатот

568

Владата на вчерашната седница го разреши досегашниот в.д. директор на Агенцијата за филм Бојан Лазаревски поради истек на мандатот. За нов директор на Агенцијата е именуван продуцентот Владимир Ангелов.

Претходно, Владата објави Јавен оглас за именување директор на Агенцијата за филм на 18.01.2024 година, со рок за пријавување од 15 дена.






На огласот пристигнале три апликации и тоа од Бојан Лазаревски, Гена Теодосиевска и од Владимир Ангелов.

Ангелов, досегашен директор на Кинотеката на Македонија, е дипломиран продуцент. Во Кинотеката работел од 1995 година. Десет години (2006 – 2017) бил одговорен за реализација на месечната филмска програма во киното на Кинотеката на Македонија и за тоа време реализирал и соработувал на голем број проекти што се однесуваат на прикажување на филмски циклуси од разни национални кинематографии, ретроспективи на автори, како и презентација на програми посветени на филмската класика, но и на современата кинематографија.

Поврзани содржини