ВЛАДИКАТА ПЕТАР СЕ НАЈДЕ НА ТРАНСПАРЕНТ НА АНТИВАКСЕРИТЕ Ако вашиот нов бог е толку моќен од што се плашите

Граѓаните го прашаа  владиката „како е можно јас да сум убиец на вакцинираните. Ако вашиот нов бог е толку моќен од што се плашите. Причеста е моја вакцина. Јас прифаќам и живот и смрт од бог“.

1,959

На собирот на граѓани против вакцинација против ковид-19 организиран преку социјални мрежи пред владата можеше да се забележи и транспарент на кој има фотографија на владиката Петар и испишани неколку прашања до него.

Граѓаните го прашаа  владиката „како е можно јас да сум убиец на вакцинираните. Ако вашиот нов бог е толку моќен од што се плашите. Причеста е моја вакцина. Јас прифаќам и живот и смрт од бог“.






Митрополитот преспанско-пелагониски г. Петар во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа рече дека нашата црква не е против оние што не сакаат да се вакцинираат од оправдани здравствени причини, но дека тие се за тоа дека секој треба да се имунизира, оти вирусот може да му го искомпликува здравјето и животот.

– Не сакам да ме разберете погрешно, но ако јас не се вакцинирам, а дојде до смртен случај, тогаш јас сум потенцијален, па дури и вистински самоубиец. А вие добро знаете дека на самоубијците не им е дозволено да влезат во Царството небесно. Јас го прележав ковидот и сега зборувам како човек кој ја искусил болеста. Јас бев во тешка здравствена состојба и само јас си знам како ми беше – истакна владиката Петар.

Поврзани содржини