Владиката Петар: Ние сме потенцијални убијци, пренесувајќи ја оваа болест! Носете маски, не е срамота, затоа што вирусот постои
Имаме двајца свештеници починати, еден на 77-8-годишна возраст и најмладиот на 39-годишна возраст, кој не боледуваше од никаква болест. Сериозна е болеста - вели Владиката.
Владиката на Преспанско-пелагониски епархија, господин Петар денеска се обрати до верниците и посочи дека коронавирусот не е наивна болест и не е како што некој велат.
– Оваа болест не е наивна и не е како што некои велат, за жал и некои свештени лица, кои така велеа, не сакам да именувам, ама и тие заболеа. Кога велеа, дека не постои овој вирус и им велеа на луѓето: „Нема вирус!“ Вирус има! Болеста е присутна, умираат луѓе. Умираат дури патријарси, умираат владици, умираат свештеници, умираат ѓакони, умираат верници, умираат служители во црквите, сите умираат! Никого не поштедува оваа болест! Умираат лекари, врвни лекари умираат од оваа болест! Што значи сериозна е болеста – посочува Владиката Петар.
Тој напоменува дека маската мора да се носи кога се приближувате кон некого со цел нешто да му кажете, а не да се вади пред тоа.
– Само ќе ви кажам една бројка колку во нашата епархија досега имаме умрено од вирусот – 255, до пред една недела, ја добив информацијата од нашите свештеници. Имаме двајца свештеници починати, еден на 77-8-годишна возраст и најмладиот на 39-годишна возраст, кој не боледуваше од никаква болест. Сериозна е болеста. Не можам да осудувам како сето тоа се случило, но не заборавајте една работа, што е сигурна, дека ние сме потенцијални убијци, пренесувајќи ја оваа болест. Не е наивна работата! Ако сум ја пренел болеста на некој здрав, а тој умрел од болеста, јас сум го убил него! Сакајќи или несакајќи, знаејќи или незнаејќи! Сериозна е многу работава, браќа и сестри, не е наивна! – вели Владиката Петар.