Владиката Амфилохиј упати силна порака од болница: Носам крст и за Трамп
Цетињскиот митрополит се обидува да го носи својот крст и крстот на Црна Гора и Митрополијата црногорско приморска, учествувајќи во тагата и страдањата на милиони луѓе ширум светот, сè до американскиот претседател Доналд Трамп, соопштуваат од митрополијата.
Митрополитот црногорско-приморски, г. Амфилохиј, кој е позитивен на ковид-19, испратил порака од Клиничкиот центар во Подгорица каде што се лекува. Тој порачал дека се обидува да го носи и својот крст и крстот на митрополијата, учествувајќи во страдањата на милиони луѓе ширум светот.
„Бог испрати страдање на човештвото за да го излечи од омраза и себичност, за да направи човештвото да сфати дека Бог е единствениот кој дава вистински живот. Бог го користи овој вид на страдање за да нè потсети дека смртта не е последниот збор во овој живот, туку само подготовка за вечното Царство на Богот на љубовта – Отецот и Синот и Светиот Дух“, наведено е во соопштението на митрополијата.
Владиката Амфилохиј, како што се наведува во текстот, успешно се опоравува, се чувствува добро и лекарите се задоволни од неговото закрепнување.
„Светиот владика Николај, кој одржал славен говор во Ловчен за време на пренесувањето на моштите на Петар Втори, по уривањето на црквата Свети Петар од страна на австро-унгарските окупатори во 1916 година, меѓу другото рече дека Бог се грижи за децата и за болните и му го дал крстот на митрополитот од Цетиње. Навистина, Цетињскиот митрополит се обидува да го носи својот крст и крстот на Црна Гора и Митрополијата црногорско приморска, учествувајќи во тагата и страдањата на милиони луѓе ширум светот, сè до американскиот претседател Доналд Трамп“, соопштуваат од митрополијата.