Владиката Агатангел се попишмани: Пејте од балконите, не доаѓајте во црквите!
Владиката, иако пред дваесетина дена јавно ги повика верниците да одат во црквите и да се причестуваат во време на пандемијата, сега тој ги советува да останат дома, да земат свеќи во рацете, да излезат на балконите и да пеат песни.
Митрополитот повардарски г. Агатангел од Македонската православна црква (МПЦ-ОА) го смени својот став по повод доаѓањето на верниците во храмовите за време на големиот православен празник Велигден.
Владиката, иако пред дваесетина дена јавно ги повика верниците да одат во црквите и да се причестуваат во време на пандемијата, сега тој ги советува да останат дома, да земат свеќи во рацете, да излезат на балконите и да пеат песни.
„Ве повикуваме точно во 24 часот во сабота, кога ќе ги слушнете камбаните кои ќе го означат Христосовото Воскресение, со запалени свеќи и со Велигденски црвени јајца да излезете на вашите балкони, дворови или пак во вашите дневни простории и да ја запеете Воскресентската песна. Честитајќи ви го празникот преку електронски медиуми, ве поздравувам со христијанскиот поздрав Христос Воскресна“, соопшти г. Агатангел.