ВЛАДЕ ДИВАЦ ДОБИ ЦРНОГОРСКИ ПАСОШ Абазовиќ лично му го врачи документот на легендарниот кошаркар

Дивац се заблагодари за доделениот пасош и истакна дека тоа емотивно многу му значи.

204

Познатиот југословенски и српски кошаркар и НБА ѕвезда Владе Дивац доби црногорски пасош, кој денеска му го врачи премиерот на Црна Гора во неговиот технички мандат, Дритан Абазовиќ.

– Ни претставува голема чест и задоволство што имаме можност да врачиме црногорски пасош на една легенда на светската кошарка, како што е Владе Дивац – изјави Абазовиќ.






Дивац се заблагодари за доделениот пасош и истакна дека тоа емотивно многу му значи.

Тој рече дека неговите предци потекнуваат од Црна Гора и дека со оглед на тоа што последните неколку години најмногу ги поминал во Луштица, Црна Гора за него претставува втор дом, соопшти Владата на Црна Гора.

Поврзани содржини