Владата со мислењето испратено до Општина Центар не бара да се урне проектот Порта Македонија или кој било друг од споменатите објекти, рече премиерот Зоран Заев.
-Мислењето дадено од Владата до Општина Центар не укажува дека треба да се руши кој било од споменатите објекти, туку препораката е дека предметниот ДУП треба да се разгледа и усогласи од страна на Општина Центар имајќи ги предвид мислењата дадени од самите стручни комисии формирани од извршната власт – истакна Заев одговорајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека конкретниот проект, Порта Македонија, не попречува пешачки, ниту моторен сообраќај и дека низ уличната мрежа секојдневно минуваат и пешаци и возила, односно дека е дозвоелна непречена комуникација.